Приведен пробиштипјанец: Им се заканувал на мајката и сестрата

|

На 03.10.2023 во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Р.Т.(33) од Пробиштип.

-Според пријавеното, тој упатувал закани на неговата 41-годишна сестра и неговата мајка, информира МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во ОВР Пробиштип за понатамошна постапка.