Приведени сопственикот на „Дурмо турс” и возачот на автобусот

ИЗВОРСкопје24
|

Возењето со брзина над дозволената, како и техничката неисправност на автобусот на „Дурмо Турс“ се главните причини за сообраќајката кај Ласкарци.

Ова го утврдила едномесечната истрага на Основното јавно обвинителство Скопје за сообраќајката. Како што денес соопшти на прес-конференција обвинителот Сашо Рајчев, за сообраќајката приведени се 6 лица, меѓу кој и возачот на автобусот.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони приведените за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Овие лица, како што соопштија од обвинителството во моментов се во полициска станица, по што ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основсниот суд Скопје 1 и за нив обвинителството ќе бара мерка притвор.

За седмиот осомничен кој издал документација дека работи тахометарот, иако не била направена проверка, ОЈО ќе бара мерки на претпазливост. Тој ќе одговара за несовесно работење во служба.

Автобусот на Дурмо турс немал исправни сопирачки и тахограф поради кој возилото покажувало помала брзина од реалната, што било причина за трагедијата изјави основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев.

Не*реќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс” со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

Први на помош на повредените им помогнаа мештаните од Ласкарци и околината, а за спасување беа мобилизирани комбиња на брзата помош од Здравствениот дом Скопје и од приватните болници „Неуромедика” и „Систина”.