Продаваат куќи по цена од само едно евро: Телефоните не престануваат да ѕвонат, а еве во што е штосот

ИЗВОРСкопје24
|

Откако објавија оглас дека ќе се продаваат празни куќи по цена од едно евро во градот Самбуки кај Палермо, телефоните на локалните власти не престануваат да ѕвонат.

Оваа мерка е усвоена во јануари, а заменикот гардоначалник на ова место во Италија рекол дека доколку куќите не бидат продадени на лицитација, ќе ги продава по цена на еден кроасан.

Веќе следниот ден стотина луѓе од Британија, Дубаи, Панама и Русија стигнале во градот Самбуки за да ги разгледаат недвижностите, а многумина веќе и купиле куќи.

Во средата се продадени 16 куќи, најефтината за 1000 евра, а најскапата за 25.000 евра.

Останатите цени се движеле од 5 до 15 илјади евра.

Помеѓу новите сопственици на куќата се нашле семејства од Израел, Британија, Русија и Чиле, а останати се околу 50 куќи.

„Помеѓу приватните и општинските куќи вкупната инвестиција е над милион евра, за мало место како нашето тоа е вистинско богатство“ рекол градоначалникот.

Инаку новит сопственик за да купи куќа мора да потпише договор дека во рок од три години ќе вложи во обнова на куќата и тоа најмалку 15.000 евра.Плус мора да остави депозит додатни 5000 евра кои ќе бидат вратени после обновата.