ПРОДОЛЖУВА ЕКСТРЕМНО ТОПЛОТО ВРЕМЕ – ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40°C

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе се движи во интервалот од 34 до 43 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 40 степени.

Потоа и во следните денови времето ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено ќе засилува. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурата и понатаму ќе биде над просекот за овој дел од годината и ќе се искачува во интервалот од 33 до 40 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.