Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи, додека на планините во западните предели ќе има повремен снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд. Ќе започне да дува умерен ветер од северозападен правец кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.
Потоа утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, додека во петок кон крајот на денот и навечер, како и за време на викендот под влијание на влажен воздушен бран се очекуваат нови повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Температурите ќе бележат тенденција на пад, особено за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука