Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот од 12 до 20 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, температурата на воздухот пак ќе се искачи до околу 18 степени.
Потоа утре во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемнува па за време на викендот ќе имаме променливо облачно време со услови за повремен локален слаб дожд, на планините ќе провејува слаб снег. Во сабота, особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите, особено во недела кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.
Променливото време со повремен локален дожд ќе се задржи и на почетокот од следната недела.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.