Анита Латифи, поранешна новинарка во МРТ, сега вработена во „ЦИВИЛ“, е новата во низата напаѓачи на Столе Стоилов.
„Жал ми е за број 5. Убав број на дрес на гаден човек.
Кај бевте да реагирате за негово гнасно однесување пред млади успешни спортисти на кои треба да им е пример?! И пред цела јавност?! Или се согласува(в)те со него?!
Штом не знае кај и со кого живее, ќе треба да му се каже. Браво за Мустафа Адеми!!!“-напиша таа на својот Фејсбук профил.
Нејзиниот пост им се допаѓа на неколкумина новинари Албанци вработени во различни медиуми во Македонија.
И новинарот Саше Ивановски-Политико вчера побара забрана за спорт за Столе Стоилов и во својот текст на Мактел го нарече свиња и куче.
-Не само што на Столе Стоилов треба да му се одземе националниот дрес, туку треба и целосно да се забрани да се бави со професионален организиран спорт. И целосно го разбирам бесот на албанските граѓани, новинари, активисти, тие имаат целосно право да возвратат на овие свињарии на вмровското националистичко куче, Столе Стоилов. А Столе, ако сака да биде националистичка свиња, нека се бави со ракомет аматерски, и во потоа на социјални мрежи нека манифестира вмровштина колку што сака, тоа демократски треба да му биде дозволено, пишува Ивановски во текстот на Мактел.
Да потсетиме целата мешаница настана откако нашиот ракометар ја напушти манифестацијата спортист на годината:
Македонскиот ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов демонстративно си замина од манифестацијата на Агенцијата за млади и Спорт, „Спортист на годината“ поради двојазичниот карактер кој го доби таа.
Стоилов го фрли во сенка изборот на спортист на годината на Македонија откако си замина во знак на протест поради двојазичноста.
Добитниците на наградите кои се Албанци, на присутните им се обраќаа и на албански јазик, а тоа не му се допадна на Стојанче Стоилов кој реши пред време да си замине.
Во моментите на голема радост поради одличниот старт на репрезентацијата на Македонија на Мундијалот во Германија и Данска, доаѓа информација која во нормални држави би се квалификувала за рубриката „верувале или не“ дека новинар од албанскиот сервис на Македонската радио и телевизија (МРТ) се дрзнал во преносот на МТВ 2 да го бојкотира нашиот најдобар играч во убедливиот триумф над Јапонија, пивотот Стојанче Стоилов.