Доцниме со подготовките за грејната сезона и за презимување со најголемата енергетска криза по осамостојувањето, вели универзитетскиот професор Констанин Димитров.
Тој вели дека набавките на мазут, јаглен, гас требало да бидат готови во март за да не се доведуваме во ситуација да молиме по многу повисоки цени да се соочуваме со недостиг на енергенси.
Наместо секој да произведува струја, државата им помага на поединци да прават екстра профит, вели Димитров во денешното гостување во емисијата „Да си кажеме со Горан Петрески“.