Професии кои сигурно не сте ги знаеле, а во иднина ќе бидат тренд

ИЗВОРновлист
|

Хрватски Cosmopolitan направи листа на нетрадиционални професии за коишто не би претпоставиле дека постојат.

Tagger

Нивната работа ќе се состои во гледање серии и филмови. По нивно гледање ќе треба да ги категоризираат или “тагнат“ врз основа на заеднички карактеристики. Овие тагови ќе му помогнат на Netflix да предложи дополнителни серии на гледачите со оглед на она што го гледале претходно.

Преведувач на емотикони

Целта на овој преведувач е да им помогне на компаниите да се снајдат во огромниот свет од емотикони и при нивно користење да избегнат непријатни ситуации. Еден пример за емотикони е подигнат палец каде што во западната култура значи “да“, но на Блискиот исток тоа е гестикулација со слично значење како среден прст.

Адвокат за социјални медиуми

Нивна задача ќе се состои во тоа да ги познаваат законите за социјалните мрежи. Некои од случаите со коишто би се среќавале може да бидат следење преку интернет, кражба на идентитет, нарушување на приватност.

Гастро трендсетер

Овие експерти за храна ќе истражуваат специјализирани списанија, блогови, социјалните мрежи и телевизиски емисии за да им помогнат на рестораните и компаниите од гастро индустријата секогаш да бидат во тек со трендовите.