Професија со која најбогатите луѓе во светот се занимавале пред да станат богати

ИЗВОРСкопје24
|

Голем број денешни милијардери својот успех го стекнале благодарение на една и единствена животна вештина – продажба. Повеќето од нив, пред да ги заработат своите први милиони во раните фази од животот се занимавале со продажба, покажаа резултатите на едно интересно истражување.

Така, двајца од тројца испитаници откриле дека вештините што ги научиле за време на продажбата многу им помогнале да го создадат денешното богатство, а третина од испитаниците велат дека 70 отсто од нивниот успех се должи токму на вештините за продажба.

– Целиот бизнис систем е базиран на продажба. Тоа е вештина која ќе ви помогне не само во управувањето со вашиот бизнис и градењето на успешна компанија, туку и во секојдневниот живот, вели Рандалин Хил, специјалист за развој и кариера.

Со продажба не се занимавале само познати директори на мултинационални компании, туку и некои од најпознатите актери како Џони Деп и Џенифер Анистон, коишто пред својата актерска кариера се занимавале со телефонска продажба. Извршниот директор на Netflix, Рид Хестингс, исто така се занимавал со продажба – работел како продавач на правосмукалки пред да го основа најпознатиот сервис за гледање на филмови и серии.

Дури и ако не сакате да започнете со сопствен бизнис, експертите велат дека познавањето на овој деловен сегмент може да биде од голема вредност.

Секој од нас мора да ги знае основите на продажбата, но и преговорите коишто се една од основните алатки на оваа професија. Од неа не зависи само развојот на бизнисот, туку и целокупната ваша кариера бидејќи на крајот на денот мора добро да се продадете себеси.