Професорот Никола Поповски очекува инфлацијата да се намалува од Март

ИЗВОРТелма
|

Професорот Никола Поповски и поранешен министер за финансии вели дека во услови на висока инфлација, нашата централна банка, како и останатите централни банки, презема оправдани мерки за ублажување на инфлациските притисоци, а очекува дека во натамошниот период постепено ќе се стабилизира инфлацијата.

Народните банки насекаде во светот превземаат мерки колку што е можно повеќе да се контролира инфлацијата.Aко инфлацијата не може да се намали тогаш барем да се оневозможи нејзиниот раст.За натамошната динамика се очекува од март наредната година да почене да се намалува, односно да стагнира.

-Добрата вест е што нивото на раст на инфлацијата забавува и од неколку проценти месечно, сега се намалува на 2, па на 1 процент месечно, со тенденција, веројатно, во текот на зимава уште малку да се задржи заради војната и снабдувањето со енергентите, а веќе од наредната година (март, април, кога и почна ценовното ниво да оди нагоре), да се намалува, односно да стагнира, вели Поповски.