Во најновиот извештај кој го објавилa “Weather Company” на IBM, а го пренесува “Reuters”, ова лето за поголемиот дел од Европа ќе биде потопло, но и повлажно од просечното.
Количината на врнежи, посебно во јуни и јули, ќе биде над просечните вредности, се наведува понатаму во извештајот.
“Иако постојат значајни отстапки во рамките на моделот за следење на климатските движења, повеќето укажуваат на тоа дека ова лето најмногу ќе има распространети горештини, а посебно во централните и источните делови на Европа”, стои во извештајот.
Истовремено, во извештајот има и прогноза за мај, така што според најновите податоци овој месец ќе биде постуден од просечната вредност. Така мај во Британија и јужните делови на Скандинавија ќе биде потопол и посув, а слично нешто се очекува и во Германија. Меѓутоа, обратна ситуација имаме во југоисточните делови на Европа, каде се очекуваат многу повеќе врнежи од просекот и пониски температури.
Кога станува збор за јуни, во Британија и Скандинавија се очекува постудено време од просечните вредности за тоа време од годината, со многу врнежи. Германците можат да се надеваат на потопол јуни ако се на југ, но ако се на север ќе им биде постудено од обично. Кога станува збор за југоистокот на Европа, се очекува јуни да биде потопол, но и повлажен од просекот.
Слични се и предвидувањата за јули. Со тоа дека прогнозата за почести врнежи останува за Германија и делови на Британија и Скандинавија. Во нашите краеви, барем како што стои во извештајот, се очекува потопло и посуво време од вообичаеното.