|
Појадок кој може да го однесете на работа, излет или каде и да посакате.
Состојки (доза за 4 лица): 2 јајца, 250 гр. рендани тиквички, 100 гр.рендан морков, 70 гр. рендано сирење, 100 мл. јогурт, 100 мл. минерална вода, 4 лажици зејтин, 1 чаша (200 мл) пченкарно брашно, 1/2 чаша овесни снегулки, 1 прашок за печиво и сол.
Подготовка: Изматете ги јајцата и додадете сол.
Додадете го сирењето, овесните снегулки, брашното и прашокот за печиво. Промешајте, па додадете ги крупно ренданите тиквички и морков, минерална вода и јогурт (може како замена да користите и млеко).
Со мешање соединете ги сите состојки. Смесата распоредете ја во калапи за мафини. Печете во претходно загреана рерна околу 30 минути на 180 степени.