ПРОЛЕТ ВО ЗИМА! ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД СЛЕДУВААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ И ТОПЕЊЕ НА СНЕЖНАТА ПОКРИВКА

|

Како што веќе кажавме и најавивме, во следните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има особено утре и тоа во западните предели.

Исто така утре ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите во текот на следните денови ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

И во Скопскиот регион во следниот период ќе има повеќе облачност. Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, а ќе има услови и за повремен локален дожд со послаб интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 11 степени.

НАПОМЕНА: Поради јужното воздушно струење, во текот на следниот период температурите ќе бидат високи и натпросечни за овој период од годината. Токму поради ова се очекува и топење на снежната покривка на планинските места.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тукаОтсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki