Овен (21.03 – 20.04)
Не наседнувајте на она што ви го говорат соработниците. Добро проверете пред да донесете одлука. Слободните Овни треба да побараат личност со слични афинитети. Поведете сметка за исхраната.
Бик (21.04 – 21.05)
Насочете ја позитивната енергија кон работата. На тој начин сигурно ќе постигнете повеќе. Саканото лице забележува дека сте загрижени. Дозволете му да ви помогне.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Не се грижете премногу околу работата. Проблемите кои ви се случиле воопшто не се страшни. Престанете да ја проверувате саканата личност. Со тоа ништо не добивате.
Рак (22.06 – 22.07)
Останете самоуверени. На тој начин сигурно ќе ги остварите своите цели. Бидете слободни и искажете ги своите чувства кон саканото лице. Така само ќе го доближите дополнително до вас.
Лав (23.07 – 22.08)
Не ви се допаѓаат нечии критики па ќе заземете одбранбен став. Критиките прават да се подобруваме во работата. Саканото лице негативно ќе влијае на вас. Не се нервирајте, разговарајте отворено за тоа.
Девица (23.08 – 22.09)
Нечија порака или деловна средба ќе има позитивно влијание на понатамошниот тек на случувања. Немојте да дозволите вашите родители да ви се мештаат во врската.
Вага (23.09 – 22.10)
Некој се обидува да ви наметне невистинити муабети. Ќе го сфатите тоа, само ќе ви биде потребно малку повеќе време.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Во ваш интерес е да не зборувате премногу за работите кои не ги познавате доволно. Ќе ви прилега некој вид на неформална забава. Можни се проблеми со кожата.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Нема причина за лажна скромност пред соработниците, покажете до каде можете да одите. Во љубовта променете се што не ви се допаѓа, а доколку тоа не ви е дозволено, променете го и партнерот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Потребно е да го процените најдобриот момент за ефикасна акција. Вашето емотивно задоволство зависи од тактиката која ја применувате кон саканото лице.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не треба да се занесувате со далечни прогнози. Насочете се на неколку нешта од блиската иднина. Некоја личност ви служи за утеха, но тоа не е фер.
Риби (20.02 – 20.03)
Личноста која досега имаше негативен став за вашите идеи и сега нема да го промени своето мислење. Испланирајте романтична забава за двајца и уживајте со партнерот.