Прoменливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

|

Денеска времето ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ=7

Во Скопје, прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.