Аукциска куќа од Мериленд на аукција ќе стави единствен историски документ кој открива нови детали за животот на Хитлер.
Станува збор за телеграма насловена како „Прошталната порака на Хитлер“, која ја содржи последната порака од нацистичкиот лидер.
Таа му е испратена на Фердинанд Шернер, само неколку дена пред крајот на Адолф Хитлер.
„Ќе останам во Берлин, со чесна намера, во борба за Германија, за да им дадам добар пример на оние кои остануваат. Верувам дека на овој начин ќе и направам најголема услуга на Германија. До вас другите – Секој напор мора да биде вложен во победа на Берлин. Таму можете да помогнете одлучно, со движење кон север колку што е најбргу возможно“, пишува во телеграмата.
Оваа проштална порака на Хитлер ќе се продава на аукција на 30 април и на 1 мај.
Десет факти кои сигурно не сте ги знаеле за Хитлер
Големиот германски фашист и диктатор Адолф Хитлер кој во 1933 година стана германски канцелар а по заминувањето на претседателот Пол вон Хинденберг се прогласи за фирер и владееше со земјата се до 1945 година.
Сето ова сигурно го знаевте, но сигурно дека овие десет работи ќе ве шокираат. Овие се интересните факти за нацистичкиот лидер кои не сте ги знаеле:
1.Номинација за Нобеловата награда за мир.
Хитлер во 1939 година бил номиниран за Нобеловата награда за мир од страна на Ерик Брант , член на шведскиот парламент. Имено, тој бил посветен на антифашизмот и самата номинација била шега, неговиот сарказам не наишол на одобрување.
2. Ја измислил се**и куклата на дување.
Наредил да се направи кукла која војниците ќе може да ја стават во ранецот, германските војници често заболувале од сифилис поради контактот со француските лесни жени.
3. Неговата прва љубов била Еврејка.
Со 16 години Адолф Хитлер напишал многу љубовни песни посветени на една Еврејка, меѓутоа тие двајца никогаш не се сретнале.
4. Ја водел првата кампања против пушењето.
Со оваа нацистичка кампања било забрането пушењето во јавниот превоз , а војниците имале организирани предавања за штетноста на пушењето.
5. Бил вегетаријанец.
Хитлер забранил да се биде суров кон животните, поради тоа ги ограничил и ловот и тестирањето на лекови на животните. Нив најверојатно ги
заменел со Евреите, а законот забранувал мачење и искористување на животните.
6. Кога бил дете , бил спасен од свештеник.
Кога имал само четири години Хитлер од давење бил спасен од страна на еден човек кој скокнал во заледената вода и му го спасил животот. Човекот подоцна станал свештеник и до крајот на животот жалел што го спасил лидерот на Нацизмот.
7. Британски војник му го поштедил животот.
Еден британски војник за време на Првата светска војна го спасил Хитлер иако имал наредба да го ликвидира. Хитлер подоцна пронашол една новинарска вест за војникот Хенри го препознал и ја сочувал во својата архива.
8. Сакал да создаде „Музеј на истребена раса“
Хитлер планирал да собере илјадници предмети кои им припаѓале на Евреите и по војната да го направи овој музеј. Колекцијата од преку 200 000 предмети е фотографирана и заведена во книга.
9. Никогаш не стапнал во концентрационен логор.
Секогаш бил далеку од валканите работи и никогаш не бил во ниту еден логор. Наредбите ги издавал тивко и никогаш не оставал писмени траги за налозите за геноцид.
10 . Имал само еден тестис.
Хитлер е повреден во една битка , кога му страдале стомакот и интимните делови. Поради тоа останал без еден тестис, ова го потврдиле и воените доктори.