Пронајдено е петнаесетгодишно девојче од селото Пешталево прилепско кое доцна синоќа е пријавено дека е исчезнато. Од МВР за Слободен печат потврдија дека девојчето е со своите родители. Цела работа започна синоќа кога роднините на девојчето на социјалните мрежи почнаа да пишуваат статуси со барање за помош во нејзино пронаоѓање.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
„Нема ни траг ни глас од неа, од вчера вечерта околу 19 часот полициска екипа е во потрага по Ана Марија Ѓореска последен пат била видена на постојка Ропотово, чекала превоз. Не е видена со што возило е тргната и каде доколку некој ја препознае и види ве молиме известете не. Девојчето е од село Пешталево Ропотово однапред ќе ви се заблагодарам доколку примиме убави вести. 15 годишна возраст е, малолетничка, не комуницира со луѓе, во последно време е многу затворена“, стои во објавата.