Синоќа беше објавена дека конечно, по една недела потрага, беше пронајден исчезнатиот авион на кој беше фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Ибостон, но денеска пристигнуваат нови детали од потрагата, а тоа е дека било пронајдено тело во урнатото летало.
„Експрес“ пишува дека во авионот било откриено тело, за кое се претпоставува дека станува збор за Сала, па така се потврдуваат црните прогнози дека никој не ја преживеал несреќата.
Истражувачите веќе првиот ден ги открија остатоците од авионот во Англискиот канал и со тоа на еден начин се потврди дека фудбалерот и пилотот се најверојатно загинати.
По ова сознание, сестрата на Емилијано, Ромина Сала, преку својот Инстаграм профил се прости од својот брат и објави слика од местото каде што е пронајден авионот.
„Ќе те сакам засекогаш“, напиша Ромина Сала во описот на фотографијата.
Во моментите на агонија се јави таткото на фудбалерот, Хорасио Сала кој призна дека е скршен.
„Не можам да верувам, ова е сон, многу лош сон. Очајни сме, секој ден се слушам со истражителите, Кога ми кажаа дека е пронајден авионот, секоја надеж ми згасна“, рече постариот Сала.
Инаку авионот со фудбалерот Сала исчезна над Ламанш на 21 јануари за време на летот од Франција кон Велс. Откако спасувачката операција по исчезнатиот авион беше завршена по само три дена без никаков ефект, семејството на фудбалерот Сала собра средства за приватна потрага.