|
Во потрагата по 29-годишното момче кое исчезна во водите на Глажња на 29 јули трагаа шест нуркачи од Тигрите и осум нуркачи од Волците кои и денеска го пребаруваа езерското дно.
Истовремено неколку тимови на ДЗС, како и нуркачи на ДЗС пребаруваа и под вода и на брегот на езерото. Учествуваа и полицајци од СВР Куманово.
Во потрагата по несреќното момче беа вклучени подводни дронови и друга опрема за вакви ситуации.
Момчето е петта жртва во јули, која животот го загуби во вода.