|
Пронајдена е македонската државјанка Милица Гелова, која исчезна завчера во Грција.
Милица на 9 август требало да патува до Василики на Лефкада, но никогаш не стигнала на конечната дестинација и тоа ги загрижи нејзините роднини кои побарале помош.
Роднините за „А1он“ откриваат дека добиле информација дека жената е во автобус кој патува од Солун за Македонија.
– Се качила најверојатно во погрешен автобус. Чекаме да влезе во Македонија за да го вклучи телефонот, вели роднина на Милица за „А1он“.