ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА БРЕНА И БОБА:Прославуваат 28 години успешен брак

ИЗВОРnovlist.mk
|

Кога станува збор за семејството Живојиновиќ тие се познати по добрите прослави и забави, а денес (07.12.2019) имаат посебен повод за славење.

Имено, Лепа Брена и нејзинот сопруг Боба слават 28 години брак, а како што вели пејачката тие сакат овој ден да го прослават во интимна атмосфера и без многу гламур.


„Ние тоа го прославуваме многу едноставно. Сакам децата да се со нас, нивните девојки и сопруги, Александра која сега е со нас. Сакам да отвориме шампањац, да седиме, да се дружиме и да разговараме. Без голем гламур“ вели Брена.

Таа потенцираше дека во нејзиниот дом веќе започнала новогодишната атмосфера.