Ким Кардашијан и Канје Вест официјално го прекинаа бракот пред неколку дена. Сега се појавија и судски документи во кои можете да видите што кажала Ким за него. Имено, таа буквално му порачала на поранешниот сопруг да продолжи по свој пат.
– Навистина сакам прекин на нашиот брак. Го замолив Канје да го чува во тајност, но тој не го стори тоа. Канје стави многу дезинформации за нашите приватни семејни работи, што предизвика емоционален стрес. Верувам дека судот кој ни го раскина брачниот статус ќе му помогне на Канје да прифати дека нашата брачна врска е завршена и да тргнеме напред на подобар пат кој ќе ни помогне да го надминеме ова на мир – пишувало во тој документ.
Ким и Канје се договорија за заедничко старателство над нивните четири деца.