Министерството за образование и наука поддржано од УНИЦЕФ И УСАИД, направи видео во јасно и едноставно ги претставува протоколите на кои треба да се придржуваат наставниците, учениците и нивните родители.
Видеото може да се погледне на официјалните Фејсбук профили на Министерството за образование, како и на Фејсбук профилите на УНИЦЕФ и УСАИД.
Бидејќи оваа учебна година е поразлична од другите, наставата ќе се одвива во посебни услови, но доколку сите се придржуваме до пропишаните протоколи лесно ќе се заштитиме од продлабочување на кризата.
Децата на помала возраст од прво до трето одделение коишто ќе следат настава со физичко присуство, ќе биде важно стриктно да се придржуваат на протоколите, од тие причини е направено и ова видео, кое е ги подготви чекор по чекор како ќе изгледа еден ден во училиште.
Три мерки се главни и за истите се дава објаснување и во видеото. А тоа се : на секое дете ќе му се мери температура при влез во училиштето, учениците ќе треба да држат растојание од најмалку метар и пол и за време на целиот престој во училиштето ќе носат маски на лицето освен за време на оброкот и активностите на отворено.
Почесто ќе се мијат раце а ќе треба и редовно да се проветруваат училниците. Само со придржување на протоколите сите заеднички ќе допринесеме да се заштитиме себе, нашите најблиски и целото јавно здравје.
Линк до видео:
Како ќе изгледа враќањето на училиште? #БезбедниНаУчилиште
Gepostet von Мила Царовска am Samstag, 19. September 2020
Линк до протоколите: http://mon.gov.mk/content/?id=3317