Постојат различни методи кои помагаат при заспивање, а овој метод го користеле американските вој ници, со цел да си обезбедат доволно квалитетен сон што им е потребен.
Според „The Sun“, овој метод е објаснет во книгата „Relax and Win: Championship Performance“, и се тврди дека има дури 96% успех, по само неколку недели едноставно вежбање.
Овој метод произлегол од потребите на вој *иците кои не можеле да се справат со стресот, поради што не можеле да се опуштат и да заспијат. Експертите потоа смислиле едноставни вежби за дишење и замислување слики, благодарение на кои телото ќе се опушти и ќе заспие побрзо.
„Тајната е во мускулната релаксација, дишењето и специфичните слики што треба да ги замислите“
Првиот чекор е да ги опуштите мускулите на лицето, вклучително и јазикот и мускулите околу очите. Потоа треба да ги спуштите рамената толку ниско колку што одат пред да го опуштите горниот и долниот дел од едната рака, а потоа и другата.
Потоа издишете, опуштете ги градите и конечно нозете. По десет секунди длабока релаксација, следниот чекор е да замислите слики што целосно ќе го исчистат умот.
Авторот на книгата „Relax and Win: Championship Performance“ советува да замислите една од овие две слики, или да кажете една реченица, ако немаш развиена имагинација и ако не сте способни да замислувате.
– Првата слика е од вас како лежите во кану на мирно езеро, а околу вас нема ништо освен синото небо.
– Втората слика е дека лежите во црна кадифена мрежа во затемнета просторија.
– Ако не сте визуелен тип, тогаш тивко кажувајте „не размислувај, не размислувај“ десет секунди.