Управата за јавни приходи ги собира поднесените годишни даночни пријави за 2022-та и на почетокот на мај, граѓаните ќе ги имаат на нивните кориснички профили.
-На граѓаните ќе им бидат вратени 618 милиони денари поврат на ДДВ за скенираните фискални сметки за јануари, февруари и март – соопшти Сања Лукаревска, директорка на УЈП.
Важно за корисниците на апликацијата МојДДВ е дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во „Службен весник на РСМ“, бр.65/2023 на 23.03.2023 година.
-Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацијата од Плејстор, Аппстор и Хуавеј аппгалери. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај.
Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523.673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари – брифираат од УЈП. Од институцијата велат дека нплатата на ДДВ се движи во доибра насока, а зголемување од 8,43 отсто кај данокот на добивка, кај данокот на личен доход зголемувањето е 13,8 отсто, а кај ДДВ има минус од 4,12 отсто.
-Падот на ДДВ од увоз има кај компаниите кои се бават со електрична енергија, металургија и деривати – соопшти Лукаревска.