Прсти да излижеш: Рецепт за маринирани пилешки ражничи

|

Здрава комбинација на пилешко месо богато со протеини и мед, е идеален избор за здрав ручек, кој можете да го подготвите со вашиот омилен гарнир. Ова е рецептот:

Состојќи: 60мл масло, 80мл мед, 80мл соја сос, прстофат бибер, 4 пилешки филети исецкани на коцки, 2 чешниња лук, 3 црвени кромиди сецкани на парчиња за ражнич, 2 црвени пиперки сецкани на парчиња за ражнич. *Зеленчук по жеба

Подготовка: Во сад заедно измешајте масло, мед, соја сос и бибер. Пред да го ставите пилешкото во маринадата, одделете мала количина сос настрана за да ги премачкате ражничите на самиот крај. Во остатокот од маринадата додатете ги месото, лукот, биберот и црвениот кромид и оставете ги да отстојат во фрижидер  2 часа.

Пилешкото и зеленчукот исцедете ги од маринадата и ставете ги на стапчиња за ражничи. Подмачкајте ја тепсијата и печете ги ражничите 15-20 минути, а откако ќе бидат готови, уште еднаш премачкајте ги со маринадата и уживајте.