Прв пат на друга планета: Зелена светлина снимена во атмосферата на Марс

ИЗВОРНов лист
|

Долго време се претпоставуваше дека Марс има зелена светлина слична на земјината, а сега тоа е и потврдено благодарение на сондата ExoMars Trace Gas Orbiter на Европската вселенска агенција

На Земјата зелената светлина се јавува во текот на поларните аурори, кои настануваат кога наелектризираните електрони од вселената ќе дојдат во контакт со горниот дел од атмосферата. Тогаш како резултат се јавува зелена светлина која ја прави аурората на Земјата толку карактеристинаи убава.

Меѓутоа, аурората е само еден од начините на кои свети планетарната атмосфера. Атмосферата на Марс и на Земјата и на другите планети, всушност, постојано емитуваат светлина во текот на денот или ноќта како последица на интеракцијата на сончевата светлина со атомите и молекулите во атмосферата.

Самата дневна и ноќна светлина ги предизвикуваат во мала мера различни механизми. Ноќната светлина се јавува кога распаднатите молекули повторно се спојуваат во атмосферата, а дневната се случува кога сончевата светлина директно ги буди атомите и молекулите, како водород и кислород.

Сега по прв пат најнапредните мерни инструменти на сондата ExoMars Trace Gas Orbiter успеаја да зебележат зелена светлина во атмосферата на Црвената планета и така да го потврдат она што се претпоставуваше 40 години. Најсилната светлина е зебележана на висина од 80 км од површината на Марс во текот на денот.

Настанува така што сончевите зраци ги разбиваат молекулите на јалгерод диоксидот на составните атоми – јаглерод и кислород, при што кислородот ја дава препознатливата зелена светлина. Ова е прв пат ваква светлина да е забележана на друга планета.