Прв случај на убод од отровна риба оваа сезона во Грција: Србинката имала среќа што веднаш се јавила на доктор

ИЗВОРСкопје24
|

Прв случај на убод од “риба пајак“ оваа година во Неи Пори. Риба која вообичаено живее во големите длабочини во последно време сè почесто се појавува во близина на крајбрежјето, а бидејќи вешто се сокрива во песокот, доколку ја згазнете таа испушта отров.

Кога ќе испушти отров почнуваат неподносливи болки па затоа потребна е итна медицинска помош. Првата помош е жешка вода затоа што отровот е термолабилен, поради тоа не е лошо секогаш покрај себе да имате шише вода која ќе ја чувате на сонце.

Докторот на жената ѝ кажал дека имала среќа што се јавила во првите 15 минути по убодот од отровната риба. Инјекцијата ја примила во палецот (каде што ја каснала рибата), а потоа примила антибиотик.

Инаку луѓето кои коментирале за тој случај најчесно пренесувале и некои нивни искуства со отровниците, а на повеќето тоа им се случило во Паралиа. За жал некои од нив подоцна имале компликации на местото каде што ги каснала рибата, а некој човек морал да оди на хирургија и да го отстрани делот од кожата каде што бил отровот од рибата.

„Ја имав таа несреќа да стапнам на отровна риба во Грција. Стапнав на неа во моментот кога трчав по песокот во водата. Одеднаш почувствував неопислива болка, не знев што ме снајде, мислев дека ги скршив сите прсти на стапалото или дека стапнав на стакло. Меѓутоа имаше многу малку крв, а премногу болка. И да знаев за жешкиот камен и жешката вода кои помагаат немаше да се сетам во тој момент, затоа што немав поим што се случи“ – напишала на Фејсбук девојката од Србија која претходните години имала непријатно искуство со морски пајак.

Сопругот веднаш ја однел во болница каде што дознала дека веројатно нагазила на риба со боцки на грбот.

„Ми дадоа инјекција која не знам зошто служи, но одвај ми ја намали болката, а ми дадоа и рецепт за некоја маст. Епилогот на целата приказна беше тоа што цел ден чувствував болки, а стапалото ми отече толку многу што цел ден носев папучи. Отокот и понатаму не се повлече целосно ни по две недели“ – додала девојката.

Оваа опасна риба ја карактеризираат високо поставени очи, долната вилица е подолга од горната вилица, и шарите на грбот. Од долната страна има боцки свртени наназад, а слични боцки има и на првата грбна перка.

Токму со убодот од овие боцки, морскиот пајак го внесува отровот во телото на жртвата со драматични последици, а некогаш во минатото кога немало адекватна медицинска помош сето тоа резултирало губење на животот.