Прва фотографија од синот на Дарко Лазиќ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Дарко Лазиќ неодамна стана татко по вторпат, односно неговата свршеница Марина Гагиќ роди син.

Дарко и Марина уживаат во првите месеци со синот, а Марина сега сподели први фотографии од синчето, но му го сокри лицето.

„Нашето прво фотографирање“ напиша Марина во описот на фотографијата.

Дарко претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа од која едвај спаси жива глава. Тој истакна дека следната година планира да се венча со Марина.

За потсетување, Лазиќ ја има ќерката Лорена од бракот со Ана Севиќ.

Пејачот Дарко Лазиќ кој неодамна ја шокираше јавноста со изјавата дека ќерката е убава вест, но дека синот е син, продолжува во свој манир.

Имено, тој очигледно заборавил на датумот на кој неговата поранешна сопруга Ана Севиќ на свет го донела нивното прво дете, ќерката Лорена, па не се удостоил ниту да и го честита роденденот, а камоли да дојде да ја види – тврди српски Ало.

Дарко не се појави ни на роденденската прослава која Ана ја подготви во чест на роденденот на Лорена, а која беше направена десетина дена пред правиот датум на раѓање. Наводно тој бил спречен да дојде заради однапред закажан настап“, открил извор близок до семејството.

За да се испере поради тоа што не се појави на прославата, рече дека дека и тој ќе организира роденденска прослава за својата миленичка на денот на нејзиниот роденден и дека ќе и купи многу подароци, но тоа сепак не се случи. И не само што не и направи роденденска забава, туку не и се ни јави за да и го честита роденденот“, додава соговорникот.

Ана се обидувала да и ја објасни на Лорена ситуацијата, но таа е многу паметна и зрела да разбере што се случува и тагува поради тоа.