Шпанската принцеза Марија Тереза (87) од кралското семејство Бурбон-Парма, почина откако се заразила со корона вирус, пишува „Мирор“.
Братот на принцезата, 79-годишниот принц Сикстус Хенри од Бурбон-Парма, ја потврди веста за медиумите.
Марија Тереза е една од петте илјади починати жители на Шпанија поради корона вирусот.
Родена е во 1933 година во Париз како една од шесте браќа и сестри. Никогаш не се омажила и немала деца.