Првата дама Елизабета елегантна покрај Претседателот Пендаровски на новогодишен прием

ИЗВОРновлист
|

Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин на традиционален новогодишен прием за дипломатскиот кор.

Македонскиот претседател сподели фотографии на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите за присуството.

„Им благодарам на сите кои ме почестија со своето присуство на годинешниот прием за дипломатскиот кор. Ви посакувам благосостојба и напредок, Вам и на вашите држави и организации“ – напиша Пендаровски на Twitter.

На настанот секако беше присутна и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

47-годишната прва дама беше беспрекорно елегантна. Таа беше облечена во темновиолетова креација од македонската дизајнерка Лидија Георгиева.