Јелена Карлеуша неколку минути пред 11 часот денеска стигна во зградата на Радио Белград, на комеморација на мајка и Дивна Карлеуша.
Јелена пристигна во црнина, кратко исшишана, без шминка, видно тажна и истрошена.
Од 3 март, денот кога не напушти Дивна, Јелена го немаше напуштено семејниот дом на Дедиње и ова и е прво излегување.
Поп пејачката Јелена Карлеуша вчера едвај собра сила и се огласи на социјалните мрежи по повод заминувањето на нејзината мајка.
Јелена ги информираше следбениците на Инстаграм кога ќе се одржи комеморацијата на нејзината мајка.
-Во болка и очај ги известувам сите кои ја сакаа и почитуваа нашата Дивна дека комеморацијата ќе се одржи во зградата на Радио Белград во среда на шести март во 11 часот.
Пејачката ја испрати својата мајка и со некролог во кој напиша потресни зборови.
-Победничка моја, мој голем борец… не се грижи за ништо, се ќе биде онака како ти сакаше… гордост моја, љубов моја, убава и насмеана….спиј мирно, ангел мој… твоја Јелена.
Тажната вест за својата мајка Карлеуша ја доби на аеродром , на враќање од настап во Австрија.
Според српските медиуми , пејачката е под седативи и се уште не може да си дојде на себеси од шок. Озвор близок до семејството кажува дека Дивна само неколку минути пред да замине разговарала со ќерката Јелена и дека не се помислувало за вакво нешто.