Првиот состанок за најавеното зголемување на пензиите ќе се одржи денеска

ИЗВОРНов Лист
|

Денеска се очекува да се одржи првиот состанок за најавеното зголемување на пензиите, а на него, според најавите, треба да учествуваат сите засегнати страни кои низ дијалог ќе го донесат најприфатливото решение.

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најавија дека на состанокот ќе се разговара за можноста за промена на методологијата која би се донела низ дијалог со сите страни.

– Во однос на методологијата, имавме веќе едно покачување на пензиите, а следува и уште едно покачување на пензиите, меѓутоа низ досегашните разговори и барања на асоцијациите на пензионерите како и низ анализите кои претходно беа правени, веќе се пристапи кон разговори од кои што треба да произлезе нова методологија за пораст и усогласување на пензиите. Тоа е значајно затоа што на таков начин ќе може да се обезбеди континуиран и соодветен раст на пензиите бидејќи пензионерите тоа го заслужуваат, изјави премиерот Ковачевски.