Прво најави дека ќе дојде на роденденот на синот, а сега Кајмакоски го нема да ниту една фотографија

|

Синчето на Кајмакоски и Кристина Димитриевска го прослави својот 3 роденден, а како што најави Кристина во едно интервју за Бекстејџ деновиве дека и поранешниот сопруг ќе биде дел од роденденската забава.

„Прво нешто кога двајца се врзуваат е пријателството, а нас тоа ни остана. Но, најважно е што сега сме во супер односи. Знаеме понекогаш и да се јавиме, да прашаме како сме, зборуваме за работа, за плановите, за нашето дете“ изјави Кристина.

И дојде денот – роденденот на синчето на познатиот пејач и манекенката. По тој повод Кристина на својот „Инстаграм“ објави фотографија, а во описот напиша стих од песната „Роѓено мое“ од Северина.

Среќната и горда мајка на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од важниот датум, но иако најави дека заедно со Даниел ќе го прослават роденденот на синот, на објавите никаде го нема пејачот. Тој или не се појави или пак едноставно не сакал да се фотографира.

Даниел ни на социјалните мрежи не напиша честитка за наследникот. Неговата последна објава на „Инстаграм“ е од пред три дена односно од 23 феверуари, а на истата тој е маскиран во Rag’n Bone Men и е во Белград.