Канје Вест се откажа од појавувањето на фестивалот за музика и уметност Коачела, кој се одржува од 15 до 24 април, каде што требаше да биде водечка ѕвезда, објави Тајмс.
Поради неговата одлука, организаторите на фестивалот имаат само две недели да најдат нов хедлајнер, со оглед на тоа што Вест требаше да настапи на 17 и 24 април.
Претставниците на Вест и Коачела не одговорија веднаш на барањето на Тајмс да ја потврдат и коментираат информацијата.
Вест претходно изјави дека нема да настапува на фестивалот Коачела, каде еден од главните изведувачи и пејачи е Били Ајлиш.
Во таа прилика изјави дека би направил исклучок доколку пејачката му се извини на Тревис Скот, бидејќи наводно на еден од нејзините концерти алудирала на настан од фестивалот Астроворлд.
Ајлиш своевремено го прекина концертот во Атланта, бидејќи и се чинеше дека еден фан се мачи со дишењето. Откако на девојката и била укажана лекарска помош, Били продолжила со настапот.
Таа потоа и кажа на публиката дека „чека луѓето да бидат добро пред таа да продолжи да пее“.