ПРВО СПУШТАЊЕ НА ПОЛАРНИОТ ВРТЛОГ: На удар ќе биде североисточна и источна Европа, ќе има и снег

|

Од овој викенд, како и во првите денови од следната седмица се очекува прво спуштање на поларниот вртлог во европа, и истиот ќе ги зафати источните и североисточните предели од континентот. Ова ќе услови драстично заладување, но локално ќе има и снег и на некои пониски места. Температурите понекаде ќе се спуштат дури и под нулата.

Кај нас продолжуваат натпросечно високите температури на воздухот, краткотраен пад на истите се очекува во понеделник, но потоа повторно продолжува така нареченото “Мини лето”. Сепак наутро ќе биде доста свежо.

Ако вака останат работите, поларниот вртлог кај нас ќе стигне во втората половина на овој месец, кога го очекуваме и првиот снег на планините. Сепак промени во прогностичките модели и понатаму ќе има.

До тогаш уживајте во убавото време и во Мини летото.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!