|
Најомиленото јадење речиси на сите. Денес ви откриваме една мала тајна како компиечињата да бидат неверојатно крцкави и со прекрасна златна боја.
Вкупно време 50 мин. Состојки: 4 големи компири, 150 мл газирана вода, масло за пржење, сол за посолување.
Начин на подготовка: Излупете ги компирите и измијте ги. Потоа исчете ги во форма по ваша желба и поставете ги во длабок сад. Полејте ги со газирана вода, при што истата треба целосно да ги покрие компирите и така оставете ги да отстојат во водата 30 минути. Следно добро прецедете и исушете ги.
Испржете ги во загреано масло, а кога ќе бидат готови, посолете ги со сол.