Психолошката фаза преку која минувате има позитивно влијание на љубовнот живот – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Се наоѓате во неблагодарна позиција и смислувате различни решенија, но некој од соработниците делува поефикасно. Не се грижете, доаѓаат подобри периоди. Партнерот има различни забелешки на вашето однесување и ви се чини дека немате убедливо оправдување.

Бик (21.04 – 21.05)

Оптеретени сте со различните проблеми кои ја пореметуваат вашата концентрација. Тешко го прикривате вашето незадоволство на средбата со соработниците. Избегнувајте го принципот на емотивно казнување или ривалство. Простете ги малите грешки на партнерот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Важно ви е да ја одложите средбата со лицата кои од вас очекуваат конкретни одговори или одредена отстапка во деловната соработка. Делувате вознемирено поради различните дилеми, но партнерот има добра идеја и умее да ве расположи.

Рак (22.06 – 22.07)

Умеете да ги прилагодите своите интереси на основните критериуми и да се изборите за подобри услови. Бидете малку поопуштени, на давајте нервозата да ве победи. Психолошката фаза преку која минувате има позитивно влијание на љубовнот живот.

Лав (23.07 – 22.08)

Повеќето соработници реагирааат на препознатливиот начин и без видливи последици. Наместо да се надмудрувате со неистомислениците, подобро е да повлечете конкретен потег. Саканото лице го анализира вашето однесување и пронаоѓа различни замерки.

Девица (23.08 – 22.09)

Некое ново пријателство или обновено пријателство ќе ви изгледа сомнително, но личноста за која станува збор нема никакви скриени намери, туку ви пристапува со чисто срце. Препознајте го тоа и совладајте го сомневањето, бидејќи од ова пријателска врска ќе излезат многу позитивни работи.

Вага (23.09 – 22.10)

Точно знаете што треба да направите за да ја средите ситуацијата, но мора да ја намалите вашата осетливост и да настапите ладно и пресметливо без оглед што околината се сомнева во вас. Иако луѓето понекогаш ве доживуваат така, на вас ви е многу тешко и ќе мора да се потрудите тоа да го изведете на уверлив начин.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве очекува емоционален повик од некој близок пријател, кој има многу грижи. Излезете му во пресрет и поканете го на ручек, после завршувањето на работното време. Што се однесува на љубовта, бидете внимателни, не верувајте им премногу на додворувачите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку некој ги критикува вашите идеи, покажете дека имате доволно слух да ги прифатите сите критики. Не занемарувајте го вашето милениче, потребно му е вашето присуство. Потрудете се да го испочитувате договорот со саканата личност.

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате прилика да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности. Направете се што можете за да оставите добар впечаток. Јасно ви е дека не можете да го добиете сето она што емотивно го посакувате.

Водолија (21.01 – 19.02)

Деловниот ризик во овој момент претставува погрешен избор и донесува само моментално олеснување. Претерувате со своите очекувања од саканото лице. Партнерот не сака да одговори на сите ваши огромни барања, смирете се малку.

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку некој ги оспорува вашите идеи, мудро избирајте ги зборовите кои ги користите на средбата со соработниците. Бидете внимателни и избегнувајте импулсивни реакции. Ви недостасува трпение за саканото лице, премногу сте груби со него.