Примислав Димовски сменет од позицијата началник на „Алфи“

ИЗВОРНов Лист
|

Примислав Димовски е сменет од позицијата началник на Единицата за интервентна полиција, пишува „Фокус“, повикувајќи се на свои извори во МВР.

Според информации, поранешниот боксерски репрезентативец Димовски е деградиран и поставен за советник за сообраќај во министерството.

МВР засега не ја потврдува информацијата и не се знае зошто е сменет Димовски и кој ќе биде на негово место.

Тој беше командант на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“, а во 2019 година беше назначен и за началник на трансформираната Единица на интервентна полиција.

Инаку, пред неколку години Примислав Димовски му беше лично обезбедување на Бојан Јовановски, познат како „Боки 13“ а во исто време тој е и ангажиран како истражител во Специјалното Јавно Обвинителство, на која позиција беше и пред да стане прв човек на „Алфа“.