Псовки и тешки навреди: МС Стојан се испокарал со сопственик на дискотека во Македонија поради пари и колегата Саша Ковачевиќ

ИЗВОРСкопје24
|

МС Стојан е познат како некој што е во лоши односи со колегите од естрадата, а овој пат на мета му се најде далеку попопуларниот колега Саша Ковачевиќ.

На Стојан му пречело тоа што Саша добива далеку повисок хонорар за настап во еден клуб во Македонија, па му се заканил на сопственикот и со часови правел хаос, пишува српски „Ало.рс“.

-Македонците сакаат српски пејачи кои често ги ангажираат. МС Стојан е навикнат добро да поминува на настапите, но пред некое време во еден клуб во Македонија дошол до недоразбирање со сопственикот на клубот поради хонорарот, поради тоа што се обиделе да му ја намалат цената. На Стојан не му се допаднала идејата, но кажал дека ќе се јави за неколку дена кога ќе одлучи, вели изворот и открива дека по некое време му се јавил на еден од сопствениците и почнал да му вика и да го навредува.

-Сопственикот првин мислел дека Стојан сфатил дека цената е превисока и дека ќе се договорат, но Стојан почнал со псовки, но и тогаш сопственикот мислел дека се шегува. Причината што толку го здоболело е што во искиот клуб на Саша Ковачевиќ му платиле повеќе, а од него барале да ја спушти цената. Го навредувал и колегата и се заканил дека ќе ги уништи и објави на социјалните мрежи како измамници, вели изворот кој тврди дека сопственикот на клубот јасно му дал до знаење на МС Стојан каде му е местото.

-Иако Стојан ја спушти слушалката на крајот, по неколку часа му се јави на сопственикот и му се извини под изговор дека бил ненаспан и нервозен.

На сите овие шпекулации, МС Стојан засега нема коментар.