ПСУ “Јахја Кемал” организира меѓународен турнир во шах “Квалитет 2019”

ИЗВОРСкопје24
|

Шахот во ПСУ „ Јахја Кемал “ почна да се воведува 2012 год, отпрво како клупска активност, а од 2015 како редовен предмет од 1 до 3 одделение и изборен предмет од 4 до 6 одделение. Веднаш се наметна потребата од организирање на шаховски натпревари на кои децата не само од ПСУ „ Јахја Кемал “ туку и пошироко од цела Македонија ќе земат учество.
Во организација на ПСУ „ Јахја Кемал “ и шаховскиот клуб ” Гамбит ” секоја година во месец мај се организираат меѓународни шаховски турнири „КВАЛИТЕТ“ и тоа во три возрасни категории. Турнир за деца до 8 годишна возраст, турнир за деца до 10 годишна возраст и ОПЕН турнир до 18 годишна возраст.
Во 2016 год стартувавме со првите турнири со 50 учесници. За да во 2017 и 2018 прераснат во Меѓународни младински турнири со учество на млади шахисти од Бугарија, Албанија, Србија, Романија, Хрватска, Норвешка и Франција.
Придобивките од изучувањето на шахот се присутни кај сите деца. Освен што сакаме да привлечеме што е можно поголем број на деца да земаат учество во овој спорт како натпреварувачи, сакаме шахот да стане и хоби на секое дете. Играјки шах, детето ја јакне концентрацијата, меморијата а особено способноста да решава проблеми од секаков тип, поразот да го претвори во лекција а исто времено да бидат достоинствени во победата, да не се омаловажува противникот. Шахот учи на фер плеј.
И оваа година започна шаховскиот турнир „ КВАЛИТЕТ 2019 “ со меѓународно учество во организација на ПСУ „ Јахја Кемал “ и шаховскиот клуб “Гамбит”.

За победниците, за освоените или изгубените рејтинзи, и сите други анализи ви го препорачуваме следните линкови:
http://chess-results.com/tnr424966.aspx?lan=1
http://chess-results.com/tnr424895.aspx?lan=1