Пукање во Сараево: Најмалку едно лице е убиено, има и повеќе повредени

|

Најмалку едно лице е убиено, а има повредени во пукотница што се случи попладнево во населбата Булевар во Сараево. Оштетена е најмалку една просторија.

Портпаролката на полицијата во Сараево, Мерсиха Новалиќ, не можеше да потврди дали има загинати.

Полициските екипи и тимовите за итни случаи се на теренот, добиена е пријава за употреба на огнено оружје и има сознанија за повредени лица.

Престрелката се случила пред продажен објект каде во моментот на нападот имало неколку лица.