Пукна тиквата – Се разведоа манекенката Маја Ристеска и фудбалерот Јован Костовски

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската манекенка и поранешна лото-девојка Маја Ристевска и фудбалерот Јован Костовски ставија крај на бракот после само две години. Двојката пријателски се разделила пред неколку месеци, а од нивните профили на социјалните мрежи се избришани сите заеднички фотографии и спомени.

Инаку, парот се венча во 2016 година и направија голема веселба на која присуствуваа сите нивни блиски пријатели и роднини, а по свадбата се преселија во Белгија каде што фудбалерот живее и игра веќе подолг временски период.