Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Украина – Македонија кој ќе се одигра на 14. октомври, 2023 г. на стадионот на Спарта во Прага се пуштени во продажба.
Билетите, по цена од 300 CZK (приближно 755 денари) можат да се купуваат електронски на следниот линк:
https://uaf.enigoo.cz/app/guests/events
Вкупниот број на билети кои се наменети за македонските поддржувачи во секторот од трибината на стадионот наменета за навивачи на македонската репрезентација изнесува 988.
Фановите кои ќе патуваат во Малта, билетот за натпреварот Украина – Македонија може да го добијат во ПДФ форма откако ќе го завршат процесот на електронско купување на влезница. Едно лице со пополнети лични податоци може да купи најмногу четири билети.