Путин посети болно дете, а она што тој му го кажа ќе се зборува со месеци

ИЗВОРСкопје24
|

Владимир Путин пред своето патување во Србија ја посети детската болница Морозов во Москва и во таа прилика посети болно дете, кое после кусиот разговор го бакна.

Детето пресреќно на својата мајка и рече: Ме бакна најважниот претседател!Мамо, тебе не, хаха!

Путин инаку од вчера е во посета на Белград. Огромен број на граѓани од цела Србија вчера попладнето излегоа на улиците низ Белград во знак на поддршка на претседателот на Русија, Владимир Путин кој пристигна за да се сретне со својот српски колега Александар Вучиќ.

Граѓаните што шетаа низ главниот град на Србија носеа транспаренти „Спасиба пресидент“ и „За слободна и пристојна Србија“.

Претседателот на Србија , Вучиќ му рекол на рускиот претседател Путин откако го прими орденот „Александар Невски“, дека на улиците низ Белград го чекаат огромен број на граѓани.

Добив информација дека на улиците низ Белград веќе има 30 илјади луѓе кои дошле да ве поздрават, а уште луѓе и пристигнуваат, му рече Вучиќ на Путин.

На чело на колоната граѓани носеа транспарент „Еден од 300 милиони“, транспаренти со сликите на рускиот и српскиот претседател, како и „Србија-Русија вечни пријатели“.