Пет датуми за време на ретроградниот Меркур на кои би требало да обрaтите внимание

|

Иако е најинтензивен, ретроградниот Меркур не е единствениот астролошки настан што ќе биде важен за оние кои веруваат во моќта на ѕвездите во следните недели. Наредниот ретрограден Меркур оваа година ќе трае од 23 август до 15 септември.

Добрата вест е што нема да биде толку интензивен како претходниот, мајскиот, иако припадниците на сите хороскопски знаци сигурно ќе го почувствуваат неговото влијание и конфузијата која ја носи со себе.

Претстојниот ретрограден Меркур ќе биде во знакот Девица, кој е поврзан со навраќање на недовршените работи, финансиски размислувања и планирања. Тоа значи дека ни се враќаат луѓето од минатотото, првенствено старите љубови, особено доколку сте се разделиле без многу објаснувања.

За повеќето знаци од Зодијакот ќе настапи „комуникациска криза“ – буквално ќе имате тешкотии во разговорите и односите со другите, а може да настанат и недоразбирања во вид на доцна примени и погрешно протолкувани пораки.

Сепак, ретроградниот Меркур нема да биде единствениот небесен настан во наредниот период. Ова се некои датуми на кои треба да обрнеме внимание.

1 септември – Месечината влегува во Овен
Доколку почувствувате пад на енергијата со почетокот на ретроградниот Меркур, тоа би можело да се промени на почетокот од септември. Месечината во Овен носи море од енергија, која ќе ги обземе претставниците на сите знаци, а најмногу ќе биде изразена кај хороскопските Овни и оние кои ја имаат Месечината во полето на овој знак.

Совет: Обидете се да се фокусирате на области кои сте ги занемарувале, или можеби не сте биле мотивирани да се занимавате со нив.

3 септември – Месечината влегува во Бик
Овој транзит носи некои необични емоции, многу тврдоглавост и упорност, а ќе има и моменти кога едвај ќе можете да се препознаете себеси.

Совет: Обидете се да бидете „приземни“. Размислете внимателно за секој следен чекор, но на прво место за тоа како навистина се чувствувате и какви емоции ви се испреплетуваат по некои важни разговори и водете се од сопствената интуиција.

7 септември – Месечината во Близнаци во квадрат со Нептун во Риби
Откако Месечината ќе влезе во Близнаци на 5 септември, ќе имате чувство како од сè да ви е премногу – и добро и лошо. Поради ова, вашиот фокус може да почне да талка и ќе се почувствувате малку исцрпено и потрошено.

Совет: Дајте си време за одмор и размислете за следните чекори. Не преземајте на себеси повеќе отколку што можете да совладате. Бидете искрени.

9 септември – Месечината во Рак во секстил со Уран во Бик
Откако Месечината ќе се пресели во полето на Рак, потребно ќе биде да осветлите нешто во вашиот живот, но не што било, туку одредена основа. Дали имате проблем во комуникацијата со пријател? Размислете како започнало вашето пријателство, колку можете да му верувате, каква е основата на тој однос.

Совет: Промената, иако ненадејна, често е добра работа, затоа прифатете ја. Колку побрзо го направите тоа, толку подобро за вас.

13 септември – Месечината влегува во Девица
Ова е моментот да размислите за организацијата на вашиот живот, распоредите, списокот на работи што треба да ги направите. Девицата носи многу поволни услови за тоа, иако тоа нема да е долготрајно.

Совет: Искористете ја Месечината во Девица за да се фокусирате и да извлечете максимум од енергијата на овој знак.