Работа на патарина, отворени се 84 работни места!

ИЗВОРСкопје24
|

Врз основа на член 23 од Законот заработните односи („Службен весникна Република Македонија” бр. 167/15 -пречистен текст, 27/16 и 120/2018) и член 22 од Законот за вработени во јавен сектор („Службен весникна Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 35/2018 и 198/2018) Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев” број 14, во Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на работници на определено време до 31. 12. 2019 година во Јавното претпријатие за државни патишта за следното работно место 1. Инкасант за наплата на патарина, во Одделението за наплата на патарина и контрола, во Секторот за одржување, заштита на патишта и наплата на патарина 84 (осумдесетичетири) извршители, со исполнување на следните посебни услови:

Најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование Работно искуство со или без работно искуство во струката Работното време е распоредено во две смени и трае 1 2 часа Работно време од 07, 00 часот до 1 9, 00 часот и од 1 9, 00 до 07, 00 часот Работа на празник и работа ноќе Неделното работно време изнесува 40 часа Основната плата изнесува 19.760, 00 денари

Покрај гореневедените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното претпријатие за државни патишта бр. 0211513/1 од 29. 11. 2017 година и број 024102/1 од 2. 4. 2018 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работните односи.

Кон пријавата заинтересираните кандидати треба да достават: Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност; Уверение / диплома за завршен степен на образование, Уверение за државјанство. Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена кај нотар. Вработувањето ќе биде на определено време, до 31. 12. 2019 година.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Рокот за пријавување на кандидатите е 3 (три) работни дена, од денот на објавувањето на огласот во дневен печат.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пристигнатите пријави. Лице за контакт Албана Бајрами.

Контакт телефон 02/3118044.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат за вработување со доставување на пријава за вработување со контакт податоци и документи/докази за исполнување на условите за вработување на адреса на Jавното претпријатие;

ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ул. „Даме Груев” бр. 14 1000 Скопје или во писарницата на Јавното претпријатие за државни патишта, со назнака „за јавен оглас за пријавување на кандидати за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта”

КАНДИДАТИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ВО ПРИЈАВАТА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА НАВЕДАТ ЗА КОЕ РАБОТНО МЕСТО АПЛИЦИРААТ.

Некомплетната и ненавремената документација нема да се земе во предвид при разгледувањето на пријавите.

Постапката за избор на кандидатите ќе ја спроведе Комисија формирана од страна на Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта. По завршување на постапката на селекција на кандидатите, за извршениот избор секој кандидат ќе биде писмено известен.