РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Какви се просечните плати и колку останува на крајот на месецот? (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Ангела Меркел во почетокот на неделата најави воведување на нов закон за доселување на стручни работници со цел програма за отворање на нови работни места и поттик на вработувања. Без разлика на тоа колку оваа вест ги израдувала оние кои планираат да побараат работа во оваа земја, дел од нив можеби ќе се откажат по информацијата која ја објави Дојче веле.

DW направи анализа за тоа како во Германија се живее со просечна плата, и според тие податоци меѓу бараните бранши, градежните инженери заработуваат околу 3 000 евра бруто, што е отприлика 2 000 нето. Архитектите се во рангот на градежните инженери, лекари и математичари и заработуваат по 600, а информатичарите по 300 евра повеќе.

Келнери, готвачи и фризери месечно примаат само 1 000 евра, плус бакшиш. А автомеханичарите, електричарите и молерите околу 1300 евра.

Се повеќе нови гастрабајтери од југоистокот на Европа во Германија работат како негуватели и медицински техничари. Просечната плата на негуватели со искуство изнесува 2400 бруто, што е околу 1600 евра нето.

Од тие пари, на стан и трошоци, зависно од градот на живеење, одат најмалку 600 евра. За храна во просек се издвојуваат 280 евра-по човек, додека месечна карта за јавен превоз чини најмалку 50 до 100 евра.

Во паричникот значи, не останува баш премногу, заклучува DW.

Земајќи ја предвид висината на платата во Македонија и борба на поголем дел од граѓаните да го “истуркаат месецот“ со минимална или плата под просечната, заклучуваме дека Германија и понатаму е Елдорадо.