Кого и да прашаш дали сака да чува овци, ќе ти одговори – нели се твои овци, чувај си ги. Но овој „невообичаен“ оглас кој се појави во Шкотска, можеби ќе ве интересира.
Имено се бараат заинтересирани пастири кои треба да чуваат редок вид на шкотски овци на најсеверниот остров во Шкотска, Северен Роналдсеј, кој припаѓа на архипелагот Оркниски острови.
Работниците ќе работат 35 часа во неделата, а платата е 24.500 евра месечно. Оној кој ќе ја прифати работата, ќе мора три години да остане во работен однос.
Како што наведува БиБиСи, овој редок вид на овци се хранат со алги, кои ги има во изобилство на островот. Освен еден вид на гуштери кои живеат на Галапагос, овие овци се единствените животни на светот кои можат да преживеат хранејќи се само со морска трева.